Промоција на хаику збирката „Присуство во отсутноста“

Во библиотеката на НУЦК Крива Паланка вечерва се одржа промоција на хаику збирката „Присуство во отсутноста“ од Оливера Станковска.

Поетската вечер беше исполнета со суптилниот спој на зборот и природата, со тивки стихови што нè поведоа на патување низ миговите кои оставаат траен белег во нашите души.

Преку кратката, но длабока форма на хаику поезијата, присутните ја почувствуваа магијата на зборот и размислуваа за оние нешта кои, и кога се отсутни, силно го чувствуваме нивното присуство. 🍃

За поетската збирка и нејзиниот свет на тишина, емоции и суптилни доживувања говореше промоторката Мира Георгиевска.

Беше тоа вечер посветена на убавината на мигот, моќта на тишината и уметноста да се каже многу со малку зборови