По повод Октомври – месец на книгата, дечињата од ЈОУДГ Детелинка од групите Пеперутки и Јаготки со нивните воспитувачки Весна Георгиева и Гордана Стојчевска и негувателката Габриела Јовановска се интересираа за понудата и богатството на книги во библиотеката Кочо Рацин при НУЦК Крива Паланка. Низ срдечен разговор директорот Сашко Додевски ги запозна и со другите културни сегменти на установата при што дечињата ја посетија изложбата на Никола Станковски, а во кино салата и самите испеаја песнички и заиграа оро. На крајот влегоа и во канцеларијата на директорот каде разменија симболични подароци. Ден кој ќе остане во трајно паметење за овие дечиња.



















