Во библиотеката на НУЦК Крива Паланка вечерва се одржа промоција на хаику збирката „Присуство во отсутноста“ од Оливера Станковска.
Поетската вечер беше исполнета со суптилниот спој на зборот и природата, со тивки стихови што нè поведоа на патување низ миговите кои оставаат траен белег во нашите души.
Преку кратката, но длабока форма на хаику поезијата, присутните ја почувствуваа магијата на зборот и размислуваа за оние нешта кои, и кога се отсутни, силно го чувствуваме нивното присуство. ![]()
За поетската збирка и нејзиниот свет на тишина, емоции и суптилни доживувања говореше промоторката Мира Георгиевска.
Беше тоа вечер посветена на убавината на мигот, моќта на тишината и уметноста да се каже многу со малку зборови


































